Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ќе добие нов договор од Јувентус, клуб во кој ќе остане до летото во 2021 година. Деталите се веќе договорени, останува само формален потпис на продолжената соработка.
Покрај Буфон, во „црно-белиот“ дрес на „старата дама“ ќе останат дефанзивецот Џорџо Кјелини и играчот за врска Блас Матуиди.