Буфон е благодарен што сè уште ја нема освоено ЛШ

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон кажа дека фактот што никогаш не ја освоил Лигата на шампионите има голема влијание на неговата кариера.

– Ова е голем поттик за мене. Благодарен сум на судбината што сè уште не ја освоив Лигата на шампионите, инаку би се прашувал зошто сè уште играм. Сакам да се борам повторно на овој турнир. Не постои сигурност дека ќе играм барем на еден натпревар во Лигата на шампионите, за ова не разговаравме. Играм само кога тренерот смета дека е потребно, изјави Буфон.

Легендарниот италијански голман беше дел од Јувентус трипати во финалето на елитното натпреварување и ниту еднаш не се искачил на европскиот фудбалски трон.