![radev pendarovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/radev-pendarovski-892898932.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија бара гаранции за Европската унија со Македонија, на заедничката прес-конференција со португалскиот претседател Марсело де Соуса во Софија. Португалија до 1 јули претседава со ЕУ и се обидува да најде решение за македонско-бугарскиот спор и почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија.
„Тој пристап мора да се заснова на почитување на ставовите и проблемите на земјите за кои зборуваме и почитување на нивните позиции. Врз основа на овој пристап, гледам отворање перспектива за интензивно продолжување на дијалогот, за развој на соодветни патокази, соодветни документи и односи на сите структурни нивоа, што ќе ги дадат соодветните гаранции за нас, особено за да бидеме убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен“, рече Радев, без да каже за какви гаранции станува збор.