![bugarija mnr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/bugarija-mnr.jpg?resize=500%2C300&ssl=1)
Бугарија да ги гарантира правата на македонската етничка заедница и да ги имплементира пресудите на ЕСЧП – препорача Комитетот за елиминација на расна дискриминација во Обединетите нации.
Бугарија да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги македонската и помачката етничка група, и да ги имплементира на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, кои се однесуваат на правото на слобода на изразување и слобода на здружување. Ова го препорачува Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија,.
„Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од страна на делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоопределување, вклучувајќи ги и македонците и помаците. сепак, комитетот е загрижен поради извештаите дека на припадниците на македонските малцински групи им се забранува слободното остварување на правото на собирање и здружување. комитетот изразува жалење поради постојани пречки и отежнувачки услови за регистрација на невладини организации и одбивањето за регистрација на македонски друштва од страна на агенцијата за регистрација и судовите, врз основа на нивното македонско самоопределување“, вели Комитетот во извештајот.
Во извештајот кој излезе во пресрет на одбележувањето на 75 години од Декларацијата за човекови права на ОН, Комитетот ѝ препорачува на Бугарија да ги елиминира сите бариери за регистрација на малцинските здруженија, да преземе мерки за поттикнување на нивните активности и да соработува со нив.
По повод 75-годишнината од Декларацијата на ОН за човекови права Обединетата македонска дијаспора ја повика Меѓународната заедница да застане во солидарност со македонските и останатите малцинства во Грција, Бугарија и Албанија и да работи колективно за да се стави крај на прекршувањата на човековите права.