Бугарија доби техничка влада – Стефан Јанев e назначен за премиер

Денес во Бугарија стапува на должност привремената влада. Стефан Јанев, блискиот советник за безбедност и одбрана на шефот на државата Румен Радев, е назначен за премиер.

Иако привремената Влада ќе биде со краток рок траење од два месеца, неодамна Радев изјави дека овој состав ќе има тешка задача и голема одговорност до следните избори кои ќе се одржат на 11 јули.

„61-годишниот Јанев беше заменик-премиер и министер за одбрана во претходната привремена влада. Тој ќе има задача да управува со пандемијата на коронавирусот и да обезбеди фер избори“, рече Радев.

Румен Радев меѓу другите го именуваше и бугарскиот амбасадор во Данска, Светлан Стоев, на местото на Захариева, како министер за надворешни работи.