Бугарија ќе ја поправа украинската воена опрема, но нема да му испраќа оружје на Киев

Бугарија се согласила на низа барања на украинскиот претседател Владимир Зеленски, вклучително и на поправање на оштетената воеан опрема но нема да му испорачува оружје на Киев, одлучија во средата бугарските пратеници.

Бугарскиот парламент одобри низа барања што ги изнесе украинскиот претседател, вклучително и извозот на украинските житарки преку бугарското црноморско пристаниште Варна, понатамошна хуманитарна помош и поддршка за членство на Украина во Европската унија.

Пакетот помош за Украина беше усвоен со големо мнозинство од 200 гласови „за“, 16 гласови против и еден воздражан, а беше одобрен откако беше постигнат компромисот со социјалистите кои се дел од коалициската влада, но се против давањето воена поддршка на Киев во текот на воениот конфликт со Русија.

Во близина на парламентот беа одржани неколку собири на приврзаниците и на противниците на давањето оружје и друга воен поддршка за Укаина, а според информациите демонстрантите повремено меѓусебно се судрувале.

Таков судир се случил и кај споменикот на советската Црвена армија. Активистите на невладини прозападни организации се обиделе да го прекријат споменикот со украински и бугарски знамиња, но биле спречени во намерата од демонстрантите кои бараат Бугарија да остане неутрална во руско-украинскиот конфликт.