Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија.
-За жал, процедурата е многу тешка. Се налага согласност со ЕК и фирмата производител, независно дали ќе ги донираш или продадеш вакцините и тоа одзема долг временски период. Ние тоа добро го проучивме- рече Кацаров.
Тој истакна дека Бугарија има предност како земја-членка на ЕУ да располага со огромна количина од сите вакцини и оти располага со доволно вакцини за исполнување на своите потреби, додавајќи дека земјата располага со 13 или 14 милиони вакцини до крајот на годината.