До 700 припадници на бугарските вооружени сили ќе бидат распоредени за обезбедување на државните граници од илегални влегувања на мигранти, најави во четвртокот бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов.
Според него, војниците ќе им помагаат на припадниците на жандармеријата и полицијата на бугарско-турската и бугарско-грчката граница, каде што ќе се справуваат со „илегалните влегувања на бугарска територија“.
Вкупно од 400 до 700 војници, меѓу кои и припадници на специјалните сили, ќе бидат вклучени во оваа операција, според Панајотов. Точната бројка војници кои ќе бидат распоредени во пограничните области ќе биде утврдена „во зависност од потребата“, додаде.
„Притисокот на бугарските граници расте, што бара од владата да дејствува, и таа токму тоа го прави… (Војниците) ќе ја обезбедуваат бугарската граница… Доколку е потребно, тие ќе им помагаат на жандармеријата и пограничната полицијата во спроведувањето на нивните активности, вклучително и изградбата на заштитни структури, евакуација и набљудување на границата“, рече Панајотов цитиран во соопштение за медиуми од министерството за одбрана.
Претходно во август претседател Румен Радев оцени дека настаните во Авганистан ќе доведе до зголемување на зголемување на бројот мигранти кои ќе пристигна на бугарските гранции. Истакна тогаш дека така мигрантите вршат „притисок“ на копнената граница на Европската унија, и оти поради тоа потребни се дополнителни безбедносни мерки.