Бугарија ќе ремонтира 80 украински тенкови

Во рамките на воено-техничката помош на Украина во војната против Русија, во Бугарија ќе бидат ремонтирани 80 украински тенкови, изјави во четвртокот на меѓународниот форум „Globsec“ во Братислава, премиерот Кирил Петков.

„И покрај тешката внатрешно-политичка ситуација во Бугарија, нашата земја одлучи да обезбеди хуманитарна и воено-техничка помош на Киев, ќе поправиме 80 украински тенкови“, рече Петков.

„Единствено решение за војната е Русија целосно да ја напушти Украина. Се друго би значело замрзнат конфликт и нестабилност“,рече Петков на форумот во Братислава и додаде дека нема простор за компромиси по ова прашање, според кого „Украинците се борат за Европа“ и важно е ЕУ да биде обединеката во поддршката на Украина.

Петков даде пример за реакцијата на Бугарија по прекинот на испораките на гас од руски „Газпром“ откако Софија одби да плаќа за енергенсто во рубљи. Петков истакна дека Бугарија „не дозволила да ѝ врти раката“ и го бранела својот национален интерес.

Бугарскиот премиер особено се осврне на потребата постратешки да се гледа на темата инфраструктура и поврзување во Европа, за да се пополнат постоечките логистички празнини. Според Петков, со тоа ќе се овозможи поголем ефект врз инвестициите во одбраната и безбедноста, како и да се обезбеди Источното крило на НАТО.

На почетокот од мај Бугарија се согласи на низа барања на украинскиот претседател Владимир Зеленски, вклучително и на поправање на оштетената воена опрема, но нема да му испорачува оружје на Киев. Тогаш бугарскиот парламент одобри низа барања што ги изнесе украинскиот претседател, вклучително и извозот на украинските житарки преку бугарското црноморско пристаниште Варна, натамошна хуманитарна помош и поддршка за членство на Украина во Европската унија.

Пакетот помош за Украина беше усвоен со големо мнозинство од 200 гласови „за“, 16 гласови против и еден воздражан, а беше одобрен откако беше постигнат компромисот со социјалистите кои се дел од коалициската влада, но се против давањето воена поддршка на Киев во текот на воениот конфликт со Русија.

Во близина на парламентот тогаш беа одржани неколку собири на приврзаниците и на противниците на давањето оружје и друга воен поддршка за Украина, со повремеми судири меѓи демонстрантите од двете грипи. Таков судир се случил и кај споменикот на советската Црвена армија. Активистите на невладини прозападни организации се обиделе да го прекријат споменикот со украински и бугарски знамиња, но биле спречени во намерата од демонстрантите кои бараат Бугарија да остане неутрална во руско-украинскиот конфликт.