Бугарската централно-десничарска партија ГЕРБ победи на парламентарните избори во неделата, покажуваат прелиминарните резултати, но ќе мора да бара коалициски партнер за да формира влада.
Според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија и врз основа на делумното пребројување на гласовите, ГЕРБ освоила 26,08 отсто од гласовите.
Реформистичката партија Продолжуваме со промените (ПП) е втора со 14,76 отсто, објавено е во понеделникот на веб-страницата на комисијата по пребројани над 82 отсто од гласовите, додека ултранационалистичката партија Препород е трета со 13,8 отсто. Во парлаементот мандати обезебедија и ДПС – Нов почеток со 10,66, БСП – Обединети леви – 7,70, Сојуз за права и слободи“ – 7,02, Има таков народ – 6,94, и сојузите 156.839), МЕЧ – 4,66 и Величие – 4,07 отсто.
Изборите во неделата, седми во последните четири години, беа поттикнати од неуспешниот договор меѓу бугарските политички партии за формирање коалициска влада по неуспешните избори на 9-ти јуни.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во понеделник наутро им се заблагодари на гласачите за поддршката, велејќи дека неговата партија ќе формира нова влада.
„Ќе соработуваме со сите освен со Препород“, рече поранешниот прениер.
Од 2020 година, владите во Бугарија беа краткотрајни. Бројните протести организирани против корупцијата придонесоа за крај на коалицијата предводена од партијата ГЕРБ.
На Бугарија ѝ треба период на стабилна и добро функционална влада за да го забрза протокот на средства од ЕУ во нејзината лоша инфраструктура и да ја охрабри да го прифати еврото. Плановите за влез во еврозоната веќе двапати беа одложувани поради инфлацијата. Пристапувањето во моментов е закажано за 25 јануари 2025 година.
Но, многу гласачи стравуваат од понатамошна неизвесност. Дури и да успеат да формираат влада, не ѝ се даваат многу шанси да се задржи целиот следен четиригодишен мандат.