Бугарија го дозволила летот – Во авионот патувале протерани руски дипломати

Официјален претставник на бугарската влада потврди за БГНЕС дека руски владин авион летал низ воздушниот простор на таа земја. Изворот појасни дека се работи за дозволен лет од МНР, кој имал хуманитарна цел – да ги земе руските дипломати.

Руски владин авион утринава во 9.26 слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Тој полетал од Сочи и минал низ воздушниот простор на Бугарија, која во февруари годинава објави дека забранила летови на руски авиони низ нејзина територија.

Претходно, Н1 јави дека рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полетал за Белград преку Бугарија.