Бугарија ќе престане да увезува сурова нафта од Русија од 1. март следната година, иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи со тоа до 1. октомври, одлучи во понеделникот бугарскиот парламент.
Оваа одлука беше протуркана од прозападното владејачко мнозинство и со неа се става крај на извозот на руска сурова нафта од 1. јануари.
Новите правила главно ќе влијаат на рафинеријата „Лукоил Нефтохим“ во мнозинска сопственост на Русија, западно од бугарскиот пристанишен град Бургас на Црното Море.
Ослободувањето од Брисел за увоз на руска нафта досега не ја наведе рафинеријата да се префрли на алтернативни добавувачи. Но засега нема конкретни информации.
Забраната за увоз на сурова нафта од Русија ќе го спречи „Лукоил“, а со тоа и Кремљ, од дополнителни профити за финансирање на воените операции во Украина, тврди Делјан Добрев, шеф на парламентарната комисија за енергетика.
Руската нафтена компанија „Лукоил“ извести дека ќе ја разгледа својата стратегија во Бугарија поради променетото деловно опкружување, вклучително и потенцијалната продажба на рафинерија и бензинските пумпи ширум Бугарија.
Рафинеријата за нафта, која работи од 1963 година, е најголема во југоисточна Европа, а е приватизирана во 1999 година.
Според процените, таа увезува 3 милиони барели руска нафта месечно, што ја прави Бугарија четвртиот најголем купувач на руската сурова нафта во светот по Индија, Кина и Турција. „Нефтохим“, обезбедува 80 отсто од потребите на Бугарија за дизел горово и бензини и претставува 10-тина од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.
Рафинеријата е „многу важна бидејќи е најголемиот обезбедувач на работа и дава најдобри плати“ во регионот, изјави летоска градоначалникот на Бургас, Димитар Николов кога, исто така, се зборуваше за откажување од рускиот енергенс и одземање на сопственоста. Заедно со блискиот терминал за увоз на нафта Розенец, капацитетите вработуваат 5.000 луѓе.
„За мене како градоначалник е важно рафинеријата да функционира, бидејќи тоа е дел од економската безбедност на градот“, рече тогаш, додавајќи дека нејзиното затворање би било „незамисливо“.