Бугарија одобри изградба на уште два нуклеарни реактора

Бугарската влада одобри изградба на два нови нуклеарни реактора во електраната Козлодуј на Дунав, доверувајќи ја работата на американската компанија „Westinghouse“.

Владата веќе има потпишано договори со шведскиот огранок на „Westinghouse“ и со француската компанија „Framatome“, а премиерот Николај Денков во средата изјави дека првиот реактор треба да започне со работа најдоцна за 10 години, а вториот до 2036 година.

Софија најави и дека ќе го зголеми основниот капитал на нуклеарната централа до 500 милиони лева (270,53 милиони американски долари).

Нуклеарната централа Козлодуј моментално произведува електрична енергија во два реактори од советско производство со капацитет од 1.000 мегавати. Брисел нареди затворање на два помали реактора од безбедносни причини, непосредно пред влезот на Бугарија во ЕУ во 2007 година.

Бугарија произведува околу една третина од својата електрична енергија во нуклеарните централи, а околу половина во термоелектраните на јаглен.

Пред две седмици, новата влада избрана во јуни, го откажа јавниот тендер од 2019 година за проектот нуклеарна централа кај Белене на Дунав, која првично требаше да биде изградена во соработка со Русија.

Бугарија, која е членка на Европската унија и на НАТО, беше под голем притисок од Брисел и Вашингтон да ја намали својата енергетска зависност од Русија. Но тоа ја доведе земјата во незавидна состојба, бидејќи другиот нуклеарен проект Козлодуј не можеше да биде остварен откако американскиот партнер пред четири години објави дека не учествува во него.

Во 2008 година Бугарија потпиша договор со руски „Атомстројекспорт“ за градење два реактора од илјада мегавати во гратчето Белене на Дунав. Под притисокот Софија се откажа по четири години, откако не успеа да најде западни инвеститори за проектот проценет на меѓу 6,5 милијарди евра.

Бугарија бара стратешки вложувач за заживеаниот проект за градење на нуклеарната централа во Белене на Дунав, за што се проценува дека ќе изнесува најмалку 10 милијарди евра.

Софија се откажа од проектот во 2012 година кога не успеа да најде инвестири. Причина за тоа во прв ред беше притисокот од САД и Европската унија да се откаже од соработката во енергетската сфера со Русија со која веќе го имаше договороно градењето на нуклеарката. Потоа слична судбина имаше и гасоводниот проект Јужен тек, со што Бугарија останува дефицитарна со енергија.

Русија инаку во 2012 година на милијарда евра го зголеми отштетното барање против Бугарија, поради откажувањето на договорот со кој беа изведени подготовките и почетните работи на изградбата на новата нуклеарна централа.