
Вкупно 240 нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во Бугарија за изминатите 24 часа, што е рекорден број досега, јавија бугарски медиуми.
Најголем број заразени лица има во Софија – 71, потоа во Пловдив 21 и Благоевград 17 заразени и во други градови.
За 24 часа во Бугарија починале 5 лица, додека вкупно во моментов хоспитализирани се 498 заразени од кои 29 се на одделенијата за интензивна нега.
На почетокот од оваа недела, министерот за здравство Кирил Ананиев најави дека доколку бројот на заразени се зголеми на повеќе од 200 на ден, ќе се разгледува можност за рестриктивни мерки. Но, премиерот Бојко Борисов вчера најави дека тоа нема да се случи под никакви околности.
Во Бугарија досега има 6 342 заразени и 259 починати.