Бугарија приведе 70 мигранти, некои од нив пренесени во болница

Бугарските безбедносни служби уапси 70 осомничени илегални мигранти кои биле во автобус на паркинг на автопат пред јужниот град Сливен рано утрото во неделата, а некои од нив се пренесени во болница поради исцрпеност, соопшти регионалната полиција.

Четиринаесет мажи, кои немаа документи, но рекле дека се по потекло од Авганистан, се испратени во болница, а тројца ќе останат под медицински надзор додека не закрепнат, соопшти полицијата.

Приведени се и двајца романски државјани, од кои едниот е возач на автобусот, а обвинителството покрена правна постапка против нив.

Бугарија се наоѓа на рутата што ја користат мигрантите од Блискиот исток и Авганистан за влез во Европската унија. Повеќето од нив не планираат да останат во најсиромашната членка на ЕУ, туку планираат да се населат во побогатите земји од западна Европа, користејќи сложената мрежа на криумчарите на луѓе.

Бугарија ги засили контролите на својата јужна граница со Турција, како и низ целата земја, за да се справи со растечкиот прилив на мигранти и да докаже дека е способна правилно да ја чува надворешната граница на ЕУ. На 8-ми декември Австрија и Холандија го блокираа влезот на Софија во Шенген зоната токму поради загриженоста за безбедноста и владеењето на правото. Земјата се надева дека ќе влезе следната година.