Бугарија протера уште десет руски дипломати

Амбасада на Руската Федерација во Софија

Бугарското министерство за надворешни работи објави во петокот дека десет руски дипломати ги прогласило за непожелни дека тие имаат 72 часа да ја напуштат земајта, бидејќи наводно се занимавале со активности кои „не се во согласност со нивниот дипломатски статус“.

Во соопштението објавено на интернет страницата на бугарското министерство се наведува дека премиерот Кирил Петков бил консултиран за овој потег, како и дека за тоа е известена руската амбасадорка во Софија.

Станува збор за втор бран протерување руски дипломати од Бугарија,. На 2-ри март Софија протера двајца руски дипломати поради обвинувања дека се занимавале со шпионажа во случај во кој се притворени и неколкумина бугарски државјани.

Претходно во 2019 година во бранот на западната дипломатска војна кон Русија и масовното протерување нејзини дипломати, Бугарија протера уште осум руски дипломати повторно обвинувајќи ги за шпионажа без давање докази.