Бугарија прво нека избере политичка влада, па ќе разговараме!

Бугарија прво нека избере политичка влада, па ќе седнеме да разговараме!

Ова го изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, во одговор на новинарско прашање за  наводите од соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија, во кое се тврди дека нема да има нови преговори, без разлика дали во Софија има службена или политичка влада.

– Ова не е политика на Бугарија од вчера, туку политика којашто ја имаме од 2020 година, Секогаш кога во Бугарија ќе дојде време на избори, се злоупотребува темата „Македонија“. Не сум сигурен кога им се изборите, затоа што до толку се нефункционални што не можат ни избори да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада и веќе ни луѓе не можат да најдат за во техничката влада- рече Николоски.

Тој ѝ порача на Бугарија прво да избере политичка влада, па ќе почнат разговорите.

– Нека ги средат прво работите дома, па ќе седнеме да разговараме. Немам намера да им одговарам на луѓе коишто ловат политички поени, а се политички маргиналци, затоа што се претставници на влада која што нема легитимитет од никого – рече Николоски.