Бугарија првпат испраќа воена опрема во Украина

Бугарија се согласи да ѝ обезбеди на украинската војска околу 100 оклопни транспортери, што би означило пресврт во нејзината политика за испраќање воена опрема за помош во борбата на Киев против Русија.

Одлуката беше донесен доцна во петокот во парламентот во Софија. Владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина ја поддржале 148 пратеника, а 52 гласале „против“, пренесува агенцијата Associated Press.

Испораката на стоте оклопни транспортери, преставува првата испорака на тешка воена опрема од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

„Оваа опрема повеќе не е неопходна за потребите на Бугарија и може да биде сериозна поддршка за Украина во нејзината битка за зачувување на независноста и територијалниот интегритет на земјата по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија“, се вели во одлуката на парламентот на Бугарија.

Оклопните возила од советско производство беа испорачани во 1980-ите години во Бугарија кога земјата тогаш беше членка на воени Варшавскиот пакт предводен од тогашниот Советски сојуз.

На почетокот на јули годинава, украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во посета на Бугарија каде се сретна со претседателот Румен Радев.

Бугарија, која влезе во НАТО во 2004 година, сè уште има залихи на оружје од советско производство и бројни фабрики кои произведуваат муниција за него.