Бугарија не ги исполнува целите за ценовна стабилност, освен само три од критериумите од Мастрихт за влез во еврозоната. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија претставен денеска. -Бугарија се уште не ги исполнува условите за воведување на заедничката валута, се забележува во нејзината оценка.
Се оценува дека Софија речиси целосно го усогласила своето законодавство со правилата на еврозоната, вклучително и во однос на буџетот, девизниот курс на левот и долгорочните каматни стапки.
Извештајот ја испитува подготвеноста на уште пет земји кои имаат законска обврска да влезат во еврозоната – Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.
Од Комисијата прецизираат дека ниту една од споменатите земји не е подготвена за воведување на еврото.
Во соопштението на ЕК се цитираат податоци од јавна анкета од минатиот месец, според кои 49 отсто од Бугарите поддржуваат влез во еврозоната, 71 отсто очекуваат тоа да се случи во следните пет години, 64 отсто предвидуваат дека воведувањето на еврото ќе доведе до раст на цените, а 44 отсто имаат позитивно мислење за отстранувањето на левот како парична единица.