Во Бугарија затворски казни за 14 лица поради поддршка на џихадисти

Суд во Бугарија осуди 14 лица на затворски казни поради организирање пропагандни активности за терористичката „Исламска држава“ и пружале логистика на џихадисти.

Лидерот на групата Ахмед Муса Ахмед, самопрогласен имам од ромска населба во Пазарџик, осуден е на осум и пол години затвор. Прогласен е за виновен за ширење омраза, верска нетрпеливост и повикување на војна. Тој христијанин кој преминал во ислам веќе издржува затворска казна за други кривични дела.

Останатите добија затворски казни во траење од една до три и пол години. Меѓу нив е една жена, која доби две и пол години условен затвор.

Според обвинението, Ахмед и неговите приврзаници ги повикувале бугарските муслимани да се подготвуваат за војна и им прикажувале џихадистички видео снимки од погубувања.

Ахмед, исто така, помогнал на група од четворица џихадисти од странство на тој начин што им обезбедил превоз и сместување додека биле на пат кон Сирија и Ирак. Меѓу нив е и еден Франзцузин со босанско потекло, за кого има сомневање дека војувал во Сирија, а низ Бугарија минал неколку пати.