Бугари сведочат дека често имаат проблеми со сигнализацијата на патот каде што се запали автобусот (ВИДЕО)

На Фејсбук беше објавено видео од местото на несреќата каде загинаа 45 македонски граѓани по сообраќајна незгода со автобус.

Многу шофери веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на којшто е изградено ова раздвојување на патот може да е причина за трагедијата, бидејќи знакот не е поставен на соодветно место, туку токму на местото каде што се дели патот.

– Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по којашто возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите сè што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива – стои во описот на видеото.

Според авторот на видеото, на местото воопшто нема вертикално обележување.

Во својот Фејсбук статус Димитар Ганчев, човек кој често го минувал овој пат, каде се случи страшната несреќа, објаснува колку оваа делница е тешка за оние кои ретко ја возат.

– Овде во оваа заштитна ограда на сред пат удрил македонскиот автобус. Овој пат го одам секоја вечер, обично во темница, на враќање дома. Има две делници во кои сум многу внимателен, затоа што лежат на патот – оваа и другата, километар понатаму, на излезот кон Старо Село. Ако човек во темница ја следи десната гранична линија на патот, на овие две точки интуитивно доаѓа да го фати отстапувањето, кое во овој случај е паркинг. Потребно е познавање да се остане на левата страна. Обележјето – десната лента за итни случаи – нагло исчезнува надесно и доколку патеката ви е непозната, рацете сами се вртат десно. Дури и следното такво отстапување е понепријатно бидејќи е во кривина. Ја поминав оваа делница стотици пати и секој пат претпочитам да бидам на левата лента и да ја следам левата ознака отколку десно. Инаку, патот таму е во перфектна состојба, но практично сум сигурен дека возачот тргнал по десната рестриктивна лента и немал време да разбере дека оди на паркинг. Сум имал барем 5-6 блиски контакти со оваа заштитна ограда од веројатно 1.000 поминувања. Знам дека е таму, знам дека има проблем во темнината да се процени растојанието помеѓу неа и патот, а сепак ми се случило да поминам низ засенченото. Еве една поблиска снимка. Заштитната ограда е формално десно од патот, но всушност е во нејзината околина. Во темнина, овој дел изгледа како вртење десно, а ако се држите до неговиот десен крај, заштитната ограда е свртена кон вас – стои во објаснувањето на Ганчев.