Бугарија да продолжи да ги поддржува македонските интегративни процеси

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Дојран оствари средба со претседателот на Република Бугарија г. Румен Радев, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог, за интегративните процеси на Република Македонија и беа разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и во Европската Унија.

Претседателот Иванов изрази надеж дека Република Бугарија како актуелен претседавач со Европската Унија, по добиената позитивна препорака од Европската Комисија, ќе продолжи да ги поддржува македонските интегративни процеси, особено за одредување на датум за отпочнување на пристапните преговори.

Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија, по Процесот Брдо-Бриони, ќе биде одлична можност уште еднаш да се потврди европската перспектива за целосната интеграција на земјите од Западен Балкан, бидејќи само на тој начин се гарантира мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион, кој сè уште е подложен на безбедносни и геостратешки предизвици, рече македонскиот претседател.

Претходно, Радев беше на бугарските воени гробишта во Ново Село, каде беше одбележан Денот на храброста и Денот на бугарската армија. Со интонирање на македонската и бугарската химна, но  и литургија  во сослужение на поглаварот на македонската црква г. г. Стефан беше одадена почит на бугарските војници од повеќе војни закопани во Ново село-струмичко.

 

Со интонирање на македонската и бугарската химна но  и литургија  во сослужение на поглаварот на македонската црква г. г. Стефан беше одадена почит на бугарските војници од повеќе војни закопани во Ново село-струмичко.

 

Почит им одаде и бугарскиот пртеседател Румен Радев кој на  гробиштата не беше придружуван од макеоднскиот претседател Иванов кој с поред бугарските медиуми го пречекал во Ново село, но веднаш заминал за Дојран. Радев во своето обраќање пред присутните истакна односите мегу Македонија и Бугарија одат во вистински правец.

„Активните дејствија за зближување и засилувањето на соработката меѓу нашите држави се подобрува од двете страни на границата и тоа е најсилниот сигнал дека одиме во вистинскиот правец“ – изјави Радев.

На одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на гробиштата во Ново село присуствуваше и европратеникот Андреј Ковачев кој упати критика до Иванов, но и бугарските свештени лица што не биле пристуни на манифестацијата која треба да ги зближува нродите од двете држави.

„Има еден страв од заедничко одбележување на општата историја, тоа е тажно. Тажно е што македонскиот претседател не најде сила да дојде тука и за претставниците на бугарската православна црква“ – изјави Ковачев.

Радев во своето обраќање пред присутните истакна односите мегу Македонија и Бугарија одат во вистински правец.

На одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на гробиштата во Ново село присуствуваше и европратеникот Андреј Ковачев кој упати критика до Иванов, но и бугарските свештени лица што не биле пристуни на манифестацијата која треба да ги зближува нродите од двете држави.