Росен Плевнелиев и Андонис Самарас се категорични за потребата од европска солидарност за справување со проблемите, предизвикани од зголемениот миграциски притисок. Премиерот Самарас коментира дека темата за бегалскиот бран ќе биде меѓу водечките прашања кои Грција ќе ги стави во агендата на Европската унија во првите шест месеци од 2014 година, во рамките на своето претседавање со Унијата. Се очекува во декември Европскиот совет да расправа за предлозите на работна група формираната од Брисел, за анализа на ситуацијата.
Во фокусот на грчкото претседателство во првата половина на 2014 година ќе биде исто така развојот на регионот на Југоисточна Европа и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, беше истакнато за време на средбата меѓу шефот на државата и грчкиот премиер.
Плевнелиев ќе учествува денес во церемонија на потпишувањето на Спогодбата помеѓу ЕУ и Азербејџан за олеснување на визниот режим и Рамковниот договор меѓу ЕУ и Грузија за учество на земјата во операциите на Унијата за управување со кризи. Во присуство на држави и влади од ЕУ ќе бидат парафиран и два договори за асоцијација на Грузија и Молдавија со ЕУ , Европската заедница за атомска енергија и нејзините земји членки.