Бугарија и Хрватска не ги исполнуваат условите за усвојување на еврото

Ниту една од земјите што сакаат да го усвојат еврото не ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната, соопшти денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Ова, според Ројтерс, може да биде особено сериозен удар за Бугарија, која се надеваше дека брзо ќе влезе во еврозоната.

Бугарија сака до јуни да се кандидира за членство во Европскиот механизам на девизни курсеви (ЕРМ-2), двегодишна т.н. „чекална“ за еврозоната, но овој извештај ќе фрли сенка врз аспирациите на официјална Софија, бидејќи е неопходниа согласност Европската централна банка пред да се приклучи на ЕРМ-2.

Сите седум земји-кандидатки за влез во еврозоната, меѓу кои и Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска, имаат постигнато одреден напредок во изминатите две години и ги исполниле повеќето од економските критериуми, според извештајот објавен од страна на Европската централна банка.

Сепак, ниту еден од нив не успеа да се исполнат одредени институционални критериуми, како што се независноста на централната банка и забраната на централните банки за финансирање на буџетот.

Во извештајот на Европската централна банка се наведува дека официјална Софија прво мора да ја зајакне својата економија, и изрази загриженост во врска со одржливоста на својата ниска стапка на инфлација, поради што можеби ќе бидат потребни дополнителни мерки за зачувување на инфлацијата на ниско ниво, особено имајќи ги во предвид растечките трошоци за труд.

АП објави дека, и покрај фактот дека Бугарија има низок буџетски дефицит и јавен долг, и веќе ја врзала својата валута за еврото, Европската централна банка изрази загриженост во врска со високата задолженост на економијата, корупцијата и слабиот развој на знаење и вештини.