Бугарскиот министер за надворешни работи, Кристијан Вигенин по средбата со неговиот косовски колега, Енвер Хоџај, истакнал дека Бугарија ќе го поддржи членството на Косово во Обединетите Нации.
„Веројатно моментот на кандидирање на Косово за членство во Европската унија е делумно прашање на тактичен избор, но Бугарија ја призна независноста на Косово и ги поддржа нејзините напори за членство во неколку меѓународни организации. Поради оваа причина нема логика да не ја поддржиме земјата за членство во ОН“, изјавил Вигенин.