Бугарија ќе донира хуманитарна помош за мигрантите во Македонија

Република Бугарија денеска ќе донира хуманитарна помош за мигрантите кои се сместени во транзитните центри на територијата на Македонија.

Донацијата ќе биде предадена во транзитниот центар за мигранти кој се наоѓа во Табановце во близина на Куманово.

Минатата недела бугарскиот премиер Борко Борисов во телефонскиот разговор со македонскиот претседател Ѓорге Иванов најави дека Бугарија ќе испрати хуманитарна помош за бегалците во Македонија.