Бугарин пријавил дека бил натепан од газдата на градежна фирма од Скопје

Доцна синоќа, 26-годишен работник во градежна фирма во Скопје, кој е од Бугарија, пријавил дека бил натепан од газдата на фирмата попладнето во населбата Аеродром.

Според неговата пријава, нападот го извршил Б.С., кај кого работникот И.Т. бил ангажиран како градежен работник.

Бугаринот исто така тврдел дека газдата му должи пари.

Во друг случај, уште еден бугарски државјанин бил нападнат вчера во Скопје.

„С.Б.(29) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот пред казино на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од А.Л.(29) од Скопје, а по кратко време било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б. и А.Л.(29) од Скопје, роднина на пријавениот А.Л.(29)“, се вели во полицискиот билтен.