Цариниците фатиле Бугарин во шверц на 20 штеки цигари, информираше Царинската управа.
Според Управата, осомничениот деновиве со автомобил се пријавил за излез од земјава на граничниот премин Табановце.
Тој рекол дека нема што да пријави за царинење, но цариниците направиле контрола на возилото. При тоа во специјално подготвен бункер во подот пронашле 20 штеки цигари марка „Родео“ со македонски акцизни маркички.
Цигарите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Од Царината информираат дека биле откриени шест штеки цигари „Марлборо“, без акцизни маркички при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.