Цариниците спречиле шверц на 430 штеки цигари, викендов на граничниот премин Богородица, информираше Царинската управа.
– Цигарите марки „ЛД блу“ и „ЛД ред“ со македонски акцизни маркички биле откриени при контрола на празен бугарски камион за превоз на возила, управуван од бугарски државјанин, кој се пријавил за излез од државата. Возачот на прашање на царинските службеници изјавил дека нема што да пријави за царинска контрола. Но при извршениот преглед на возилото, во резервоарите за гориво биле откриени специјално конструирани бункери исполнети со цигарите- велат од Царината.
Цигарите и возилото се привремено задржани а против возачот е поднесена кривична пријава.