Бугарите во Македонија ќе можат да гласаат на седум места на изборите

Според интерактивната карта за гласањето на Бугарите во странство на изборите в недела на 2 април во македонија ќе бидат отворени седум избирачки места. Две од нив се во официјални државни претставништва – амбасадата на Бугарија во Скопје и генералниот конзулат во Битола, додека другите се во хотели, приватни објекти или во трговски центар.
Освен во Скопје и Битола, Бугарите ќе можат да гласаат и во Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп.
Во рокот за гласање на изборите се пријавиле само 169 бугарски граѓани. Но тој број може да биде поголем на денот на гласањето, бидејќи има и такви што не се пријавиле, но ќе можат да го дадат својот глас в недела.