Бугарските царина соопшти дека открила и запленила речиси половина тон херои во пристаништето Бургас.
Во товарна приколка со казахстански регистарски таблици пронајдени се 436 килограми хероин спакуван во 434 пакети. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 35 милиони евра.
Приколката била сомнителна поради невообичаено долгиот престој во пристаништето во Бургас, а на 9 август при рендгенски преглед била откриена дрогата.