Бугарската фондација „Македонија“ сака да постави спомен-плоча на Делчев во Баница

Виктор Стојанов, првиот човек на бугарската фондација „Македонија“ на Фејсбук објави дека  луѓе од фонациајата денеска ќе постават венци за Гоце Делчев во селото Баница, каде загинал револуционерот. Тој вели и дека наскоро ќе добие писмена дозвола од грчките власти за таму да постави спомен-плоча за Делчев.

„Овој четврток група на Фондација Македонија оди во фоајето на Гоце Делчев во село Баница, Серско за да постават венци, цвеќиња и да суди каде ќе ја ставиме плочата за бугарскиот револуционер Гоце Делчев – откако во иднина добивме писмена дозвола од грчките власти. Веројатно со нас ќе земеме свештеник од БПЦ кој ќе служи задоцна молитва за Гоце.

Кој сака нека дојде – договоривме бесплатен превоз. Бараме едно лице со кола од Пловдив кое сака да дојде. Ќе му платиме за горивото. Пишете ни порака“, се вели во објавата.

Во црквата Свети Спас во Скопје пак, утринава собраниска делегација, претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и други видни личности оддадоа почит по повод 120 години од смртта на Делчев.

За разлика од 4-ти февруари годинава, денот на раѓањето на Делчев, овојпат официјална делегација од Софија не беше најавена. Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, рече дека не е постигнат договор со Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.