Бугарската национална телевизија од 1 март ќе се емитува и во Македонија

На состанок кој денеска го одржал Владо Бучковски, специјален претставник на земјава за решавање на спорот со Бугарија заедно со амбасадорот на Бугарија во Македонија, директорите на АВМУ и на Телеком, било договорено од март да почне реемитување на бугарската национална телевизија во Македонија на операторот Телеком, објави телевизија 21.

Било договорено МРТ да се реемитува на територија на Бугарија, како и државните агенции да имаат свои дописници.