
Бугарската народна банка објави тендер за продажба на 63 тони ковани пари, направени во време на инфлацијата, а кои сега не се употребуваат.
Тендерот е отворен до 9 јули, а застарените апоени кои се на продажба се направени од бакар, цинк и никел.
Идниот купувач мора да има 242 илјади евра промет во трговијата за секундарни сировини. Фирмите не треба да имаат даночни обврски, а сопствениците не треба да бидат осудувани, пренесуваат бугарските медиуми.
Гаранцијата за учество на тендер изнесува 2,242 евра, а купувачот е обврзан во рок од една година да ги претопи кованите пари.
Тоа вообичаено се прави во печките на „Софија бакар“ на кое присуствуваат претставници на банки, а потоа металот може да биде продаден.
Цената на бакарот на Лондонската берза моментно е 6600 долари за тон. Бугарската банка минатата година продаде 50 тони кованици.