Бугарската полиција заплени хероин во вредност од речиси 260.000 евра

Бугарската полиција на граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница заплени 5,64 килограми хероин, чија вредност е проценета на 507.600 лева (259.500 евра), објави МИА.

Како што јави БТА, дрогата била откриена во автомбил со германски регистерски таблички, управувана од турски државјанин со постојано место на живеење во Германија.

Дрогата била откриена при ренгенска проверка на возилотп, при што полицајците забележале невообичаени предмети во резревоарот. При претерсот, во резревоарот биле пронајдени четири цилиндрични конзерви наполенти со жолтеникав прв, за кој е утврдено дека е хероин.

Возачот на автомобилот, кој патувал од Турција за Германија, е приведен и против него е покрената кривична постапка.