![pasos](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/pasos.jpg?resize=696%2C513&ssl=1)
Kaј криминалната група која била лоцирана во подземна гаража на хотел во бугарската туристичка дестинација Сончев брег која била претворена во печатница, биле пронајдени 360 илјади долари и 410 илјади евра и плус пасош на познатиот „Рамбо“, пренесува бугарски портал Дневник.
Фалсификуваниот пасош бил „издаден“ од МВР Софија , а на него пишува дека актерот Силвестер Сталоне е роден во Софија и кај националноста му стои – Бугарија.
„Пасошот беше презентиран пред клиентите како примерок за високо квалитетна изработка, според Специјалното обвинителство. Девет лица се приведени, а шест се веќе обвинети“, пишува уште бугарскиот портал.