Петседателката на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева вечерва соопшти дека еден пратеник е позитивен на новиот коронавирус.
Станува збор за пратеникот од редовите на партијата Движење за права и слободи (ДПС), Хасан Адемов.
Карајанчева објасни дека сите пратеници ќе треба да бидат тестирани. Направена е организација и во текот на утрешниот ден ќе бидат подложни на тестирања во две здравствени установи во Софија. Останатите службеници во Народното собрание ќе бидат тестирани в четврток.
Таа истакна дека дури откако ќе бидат познати резултатите од тестирањето, а тоа е за максимум 48 часа, ќе биде одлучено дали ќе се затвори Парламентот и за администрацијата и како да се продолжи со вонредниот состанок за ребаланс на буџетот, закажан за в четврток, на 2 април.
Комисијата за буџет и Комисијата за енергетика нема да заседаваат утре.