Три бугарски туристки на возраст од 29, 25 и 55 години, вчера среде бел ден влегле во бутик во ценатрот на градот. Од продавачката побарале да пробаат гардероба и додека една од нив се наоѓала во соблекувалната. Другите две го искористиле згодниот момент да и го украдат паричникот на продавачката.
Во намерата не успеале, бидејќи продавачката ги забележала, по што веднаш истрчала надвор од дуќанот со намера да ги заклучи внатре. Но, трите биле посилни од неа и наместо да побегнат бугарските туристи почнале да ја удираат со тупаници по телото. Викотниците ги слушнала продавачката од соседниот дуќан па дотрчала на помош, по што набргу пристигнала и полицијата. Трите бугарски државјанки биле приведени во полициската станица.
За случајот известен и е Јавниот обвинител, по што најверојатно за туристките ќе следи соодветна пријава и екстрадиција во матичната земја – велат надлежните од СВР – Штип.