Бугарскиот парламент ги усвои уставните амандмани со кои се ограничуваат овластувањата на претседател Румен Радев пири назначувањето на премиерот и члемновите на преодната влада
Таканаречената „прозападна“ владејачка коалиција ПП-ДБ (Промените продолжуваат – Демократска Бугарија) и ГЕРБ-СДС (Граѓаните за европски развој на Бугарија – Сојуз на демократски сили), заедно со турската партија ДПС (Движење за права и слободи) го поддржаа нацрт-законот во трето и последно читање.
Двотретинското мнозинство гласови потребно за усвојување на уставните амандмани беше тесно постигнато со 165 од вкупно 240 гласови, пренесе агенцијата БТА.
Тоа значи дека претседателот ќе има помала улога доколку падне коалициската влада и во тој случај повеќе нема да може да го распушти парламентот.
При назначувањето на преодниот премиер, претседателот во иднина ќе може да избира само меѓу претседателот на парламентот и членовите на тесниот круг високи владини функционери.
По гласањето, Радев најави дека амандманите ќе ги достави до Уставниот суд, сметајќи дека тие можат да ги поткопаат темелите на демократска и суверена држава.
Премиерот Николај Денков, од ПП-ДБ, изјави дека претседателот е заинтересирана страна за ова прашање и затоа не може да биде објективен.