Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, четири услови за Македонија

Бугарското Национали собрание во петокот го усвои предлогот за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје со цел да се одблокира процесот на интеграција на Македонија во Европската унија, откако за предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од Комисијата за надворешни работи „за “ гласаа 170 пратеници, „против„ беа 37 и 21 воздржани.

Предлог-одлуката во четвртокот ја разгледуваше парламентарната Комисија за надворешни работи и денеска ја достави на пленарна седница за разгледување како прва точка. Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов, потпрертседател на Демократска Бугарија, е заснована на предлогот на француското претседателство .

Тој ги потврдува условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на Македонија. Тие се ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети, гаранција за правата на Бугарите во Македонија со нивното вклучување во Уставот и дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Бугарија го блокира пристапувањето на Македонија во ЕУ од ноември 2020 година поради културни и историски спорови.