![bugarija parlament](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/bugarija-parlament.png?resize=696%2C396&ssl=1)
Зошто деловникот на парламентот не дозволува предлози, го навредува ли БСП ГЕРБ со репликата „фашистички традиции“, го крие ли ГЕРБ премиерот Бојко Борисов од пратениците и се зборува ли на „ма“ – за овие и други прашања спореа пратениците речиси 40 минути утрово, во последниот работен месец на 44-тиот пратенички состав, пишува софиски „Дневник“.
-Спорот започна по декларацијата на ГЕРБ во која власта објави дека кога лидерката на БСП, Корнелија Нинова, дели морални лекции од парламентарната говорница, никој не и верува. Причини-грешката на социјалистите и цената, што требало да ја платат и на овие избори. Во декларацијата се даваат два примера: првиот-БСП не се оградила од својот спонзор Илија Стоилов, кој е уапсен во Чешка и осуден за организирање криминална група, но и брат на пратеникот Георги Стоилов, кој „одби да го напушти парламентот“; и вториот-во Варна социјалистите за член на изборна комисија го предлагале синот на „олигархот кој ја ограби бугарската економика и кој денес е во затвор“ Николај Банев. „Ништо ново не сте научиле и ништо старо не сте заборавиле“, заклучи пратеникот од ГЕРБ, Маноил Манев.
Заменик-претседателот на парлементот од редовите на БСП, Кристијан Вигенин, реплицираше дека од парламентарната говорница се даваат предлози според „фашистичките традиции“-одговорноста не е персонална, а бараме одговорност од роднините.
Откако му го исклучи микрофонот, претседателката на парламентот, Цвета Карајанчева, од ГЕРБ изјави:„Според кој член се забрануваат предлозите во парламентот“? Потоа пратеникот од ГЕРБ, Вержди Рашидов, изјави дека не е фашист и дека се чувствува лесно засегнат од репликата. Тој праша каква е разликата меѓу германскиот концентрационен логор Аушвиц (каде се убиени илјадници Евреи-б.а.) и логорот Белане (каде за време на комунизмот се затвараа политичките противници-б.а.). „Вашето комунистичко однесување подобро ли е“, запраша Рашидов.
* * *
И додека нас не караат само за споменување на бугарскиот фашизам, кој според официјална Софија никогаш не постоел, што нели треба да се отслика и во македонските учебници и на спомен-обележјата од Втората светска војна, очигледно и денешната бугарска политичка елита има проблеми во претставувањето на „историската вистина“ или „погрешното толкување на историјата“. Зашто, дебатата во парламентот во Софија само го потврдува постоењето на „бугарскиот фашизам“ и уште повеќе, постоењето на „фашистичките традиции“ и до ден денес, анализира „Пресинг ТВ“