![kiril petkov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/kiril-petkov.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во вторник на 18-ти јануари ќе допатува во својата прва официјална посета на Македонија.
Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин.
Пеков требаше претходно да допатува во посета на Северна Македонија, но таа беше одложена откако нему, и на претседателот Румен Радев, им беше наложена задолжителна изолација поради контакт со лице заразено со коронавирус. Карантинот му беше укинат откако достави негативен ПЦР тест.