![rumen radev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/rumen-radev.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Претседателот на Бугарија Румен Радев оди во самоизолација поради контакт со заразен со Ковид-19, јавија бугарските медиуми.
Делегацијата што ја предводеше тој се врати предвреме од посетата на Естонија. Заразениот со кого бил во контакт бугарскиот претседател е новиот началник на ВВС на Бугарија, генерал Димитар Петров.
Последниот јавен настан каде беа присутни Радев и генерал Петров беше во петокот на празникот на ВВС на таа држава. На него беше присутен и министерот за одбрана на Бугарија, Красимр Каракачанов.