![bugarijamvr](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/bugarijamvr.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Судот во Ќустендил осудил Македонец со двоен пасош (македонски и бугарски) на четири години и шест месеци затвор и парична казна од 25.000 евра.
Обвинетиот е осуден откако се изјаснил виновен по три точки од обвинението – за обид за шверц на амфетамин во вредност од 27.330,20 евра, за поседување високоризична наркотична супстанца без дозвола и за обид да ја премине бугарската граница без дозвола на граничните органи.
Одлуката на окружниот суд во Ќустендил за 50-годишниот Д. Д. е конечна.