Бугарските земјоделци протестираат против увозот на евтина пченица од Украина

Земјоделците во Бугарија протестираат повторно како и минатата година поради увозот на евтини земјоделски продукти и посебни пченица од Украина, а предупредуваат и на проблемот со увозот на сончоглед.

Произведувачите од три бугарски региони кои учествуваат во протестите за јавната телевизија БНТ предочија дека домашната пченица не може да биде конкурентна со увозот од Украина, кои е за над 30 отсто поевтин.

„Пазарот колабираше, силосите се полни“, изјави во понеделникот координаторот на протестите Димитар Димитров, додавајќи дека слични проблеми предизвикал и увозот на евтините сончогледови семки од Украина.

Земјоделците со трактори и комбајни ја блокираа важната магистрална делница во северна Бугарија, којашто го поврзува пристанишниот град Русе на Дунав со внатрешноста на земјата.

Земјоделците од северот на Бугарија, кои протестот го започнаа во понеделникот, не одредија колку долго планираат да протестираат, а подготвени се да им се приклучат и земјоделците од регионот Бургас на Црното Море.

„Пресметките покажуваат дека ќе бидеме во загуба, бидејќи откупните цени паднаа многу благодарение на тоа што нашата влада донесе сончоглед и пченица од Украина по ниски цени. Со овие откупни цени сме во целосна загуба. Пред увозот од Украина пченицата беше околу 70 лева и повеќе, а сончогледот беше некаде околу 1,20 лева. Сега откупните цени на пченицата се 45 стотинки, сончогледот мислам дека е околу 80. Цената на чинење не можеме да ја покриеме со овие цени, бидејќи цената на ѓубривата особено поскапе – тројно и четирикратно. Амониум нитратот отиде од 600 лева на 1.200 лева. Останатите ѓубрива, исто така, поскапеа, поскапеа и пратките и семињата. Првата година можеби ќе издржавме, но следната година почнавме да работиме со кредити“, рече Димитров.

Протестот на производителите на житарки од Северна Бугарија е поддржан и од продавачите на земјоделска механизација. Румен Дечев е претставник на една од најголемите компании за трговија со земјоделска механизација предупреди дека од јануари годинава не продале ниедна машина и дека како трговски сектори и индустрија се засегнати од проблемите на земјоделците чии приходи се намалени.

Од друга страна, украинското Министерство за земјоделие уште на почетокот од февруари предупреди дека „неприфатливиот“ скок на увозот на сончоглед би можел да го уништи еден од највносните сектори во украинското земјоделие.

Украина во текот на минатата 2020 година извезла 2,75 милиони тони сончогледово семе, според министерството. Пред почетокот на војната извозот не надминувал 100.000 тони годишно, а според наводите на министерството 70 отсто од лани извезените сончогледови семки 70 отсто завршиле во ЕУ, а 20 отсто во Турција. Со тоа Украина силно го зголемила извозот на семките, а порано беше водечки извозник на сончогледово масло.

Произведувачите на сончогледовото масло предупредуваат дека големиот извоз на семки од сончоглед би можело да има „непредвидливи негативни последици“ за секторот, наведува украинското министерство.

„Тоа би можело да доведе до затворање на капацитетите за преработка на маслодајните растенија, катастрофалниот пад на производството на сончогледово масло… губењето на уделот на глобалните пазари со висока додадена вредност, губењето на работни места и буџетските приходи, што е недозволиво“, предупредуваат.

Украина во сезоната 2020/21 извезла 5,3 милиони тони сончогледово масло, а следната сезона извозот се намалил на 4,5 милиони тони.