На официјалната фан страна на бугарското министерство за надворешни работи попладнево беа цитирани изјави од вицепремиерот Никола Димитров од декември и март 2020 година, со наслов на постот:
Вистина или не?
8 декември 2020 година Никола Димитров, вицепремиер на РСМ: Во март, одлуката на ЕУ да започне преговори беше безусловна.
25 март 2020 година Заклучоци на Советот на ЕУ за отворање на преговори со РСМ: Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување.