
Во Извештајот изготвен од страна на бугарското МНР за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, што денеска го објави „Дојче Веле“, се наведува дека Договорот за добрососедство и Протоколот не е формален критериум за отворање или затворање на преговорите.
-Во овој поглед, нацрт-преговарачката рамка не соодветствува со Рамковната позиција од 2019 година, бидејќи имплементацијата на Договорот за добрососедство и Протоколот од чл. 12 не претставуваат формален критериум за отворање или затворање на поглавјата од преговорите. Не е предвидена улога на Советот на ЕУ (т.е. Бугарија) во оценката дали Република Македонија го спроведува билатералниот протокол, а оваа оценка е препуштена на ЕК, се вели во извештајот.
Бугарското Министерство за надворешни работи е незадоволно и смета дека за нив е проблематично тоа што Македонија добила „чист македонски јазик“ во Преговарачката рамка.