Булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов викендов затворен за сообраќај

Градот Скопје информира дека викендов (сабота и недела, 06 и 07.08.2014 година) во период од 07 до 17 часот, на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“, сообраќајот ќе се одвива согласно со времено поставениот режим.

Времениот режим се воспоставува поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај.