Во првиот натпревар од 30-то коло на германското фудбалско првенство Бохум и Борусија Дортмунд одиграа без победник 1:1.
Антони Лосила во 5 минута со одличен удар од околу 20 метри ги доведе домашните во водство, а по само две минути израмни Карим Адејеми . И покрај тоа што останаа повеќе од 80 минути, резултатот не се промени.
Водечката Борусија сега има 61 бод, но му остави можност на Баерн да ја престигне во случај на домашна победа против последнопласираната Херта во недела, имјаќи предвид дека Баварците имаат 59 бодови.
Бохум, пак, остана на 15-то место, но сега има 28 бода, три повеќе од 16-от Штутгарт, кој е во позиција што води до квалификации за опстанок, и четири повеќе од 17-от Шалке 04, кој е во зоната за испаѓање.