Бундеслига: Борусија Д со „шестка“ се врати на само бод зад Баерн

Во последниот натпревар од 31-то коло на германското фудбалско првенство, единствениот кој се играше во неделата, Борусија Дортмунд со 6:0 го декласираше тимот Волфсбург, со што се доближи на бод зад лидерот Баерн Минхен.

Победата на домаќините можеше да биде и поубедлива, но Карим Адејеми не го реализираше пеналот во 65 минута.

Борусија практично ја обезбеди победата во првото полувреме кога поведе со 3:0 со головите на Карим Адејеми во 15, Себастиен Халер во 29 и Дониел Мален во 37 минута.

Во вториот дел домашните постигнаа уште три гола, а стрелци беа Џуд Белингем во 54 и во 86, и на Адејеми во 59 минута. Одличен настап имаше и Јулијан Брант со три асистенции.

На три кола пред крајот на првенството води Баерн на табелата со 65 бодови, бод помалку има Борусија Дортмунд, а трет е РБ Лајпциг со 57 бодови.

Волфсбург во моментив е седми со 46 бодови, два бода помалку од шестиот Баер Леверкузен кој го држи последното место коешто води во европските купови следната сезона.